Дома Фудбал Останато Потенцијален проблем за Ливерпул: Салах ќе „гладува“ пред финалето!

Потенцијален проблем за Ливерпул: Салах ќе „гладува“ пред финалето!

Финалето во Лигата на шампионите оваа година се игра на 26 мај, а тоа би можело да претставува мал проблем за Ливерпул.

Сите во Ливерпул најголеми надежи положуваат во својот најдобар фудбалер Мохамед Салах кој е најзаслужен за одличната сезона на „црвените“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, проблем за Салах, но и за останатите фудбалери од муслиманска вероисповед како Мане би можело да биде тоа што финалето се игра сред Рамазан, светиот муслимански месец (15 мај-14 јуни).

Во овој месец муслиманите преминуваат во строг пост.

Брзината на Салах е негов најголем адут, па затоа постои одреден став дека Египќанецот нема да биде доволно енергичен како вообичаено.

Салах се придружува до својата религија, па нема сомневање дека Рамазан би бил исклучок.

Суштината е во тоа што во текот на овој месец муслиманите во текот на денот не јадат и не пијат вода, туку само навечер што значи дека ако строго се придружува до постот Салах и Мане без доручек и ручек ќе истрчаат на теренот против Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…