Дома Трансфер зона Потег за пример: Одби великани, за да не го изневери клубот кој испаѓа од лигата

Потег за пример: Одби великани, за да не го изневери клубот кој испаѓа од лигата

Џонас Хектор денеска прифати нов петгодишен договор со Келн, кој наредната сезона ќе игра во 2. Бундеслига.

Капитенот на Јарците можеше да бира каде да игра, бидејќи на маса имаше понуди од Дортмунд, Арсенал и други фудбалски великани, но тој кажа – не.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И следната сезона ќе игра за Келн, ќе се обиде да ги врати во елитното друштво, а со настапите во втората лига со сигурност ќе го загуби и репрезентативниот статус.

Се откажа од славата, милионите, се откажа од се за што денешните играчи целат, но ако се прашате зошто и која е причината поради сето тоа, одговорот се вика Келн.

„Ми дадоа прилика од трета лига да станам репрезентативец, благодарен сум на клубот, но не би било исправно да го напуштам клубот тогаш кога сум најмногу потребен.“ – изјави Хектор.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Србин може да првото засилување за Аморим во Манчестер јунајтед

Доаѓањето на Рубен Аморим треба да донесе одредени промени во Манчестер јунајтед. Кога се …