Тиаго Алкантара е најголема ѕвезда на преодниот рок во Англија. Одличниот играч за врска за 30 милиони евра премина од Баерн во Ливерпул.
Алкантара играше во второто полувреме во дебито против Челзи и веднаш импресионираше, иако не помина многу време со новите соиграчи. Шпанскиот фудбалер одигра едно полувреме и успеа да комплетира 75 додавања, повеќе од било кој друг играч на Челзи кој на теренот го помина целиот натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер во една ситуација и ги „купи“ навивачите на „црвените“. Можеби оваа негова реакција покажува колку се радува на играњето за шампионот на Англија.
Имено, тој после еден добиен дуел со Канте прослави како да постигнал гол. Во таа ситуација Алкантара успеа да ја допре топката и така да ја прекине акцијата на „сините“.
The pashun from Thiago ??? pic.twitter.com/ATHVUVxfW9
— Oli (@lfcoli) September 20, 2020