Глазгов Ренџерс после неколку години повторно е во трака за титулата, особено после победата во дербито кога се израмни на врвот на табелата со Селтик.
Поради тоа тренерот Стивен Џерард сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и да ја прекине доминацијата на Селтик во шкотското првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесува „Скај Спорт“, постигнат е договор и Џермејн Дефо ќе ги засили „ренџерите“. Имено, искусниот напаѓач во наредните 18 месеци ќе настапува за Глазгов Ренџерс како позајмен фудбалер од Борнмут.
Дефо во кариерата постигна преку 100 голови во англиската Премиер лига, па несомнено ќе биде големо засилување за тимот на Џерард.
BREAKING: Sky sources: @afcbournemouth agree 18-month loan deal for Jermain Defoe to join @RangersFC. #SSN pic.twitter.com/BBG9AtexWz
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 3, 2019