Дома Трансфер зона Потврди самиот играч: Првото засилување за Милан е – дефанзивец!

Потврди самиот играч: Првото засилување за Милан е – дефанзивец!

milan

Стигна потврдата, потпишан е договор на три години!

Вакво нешто се очекуваше веќе подолго време, а сега добивме и потврда од самиот играч, Милан и Гатузо добиваат нов дефанзивец.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


30 годишниот досегашен член на екипата на Сампдорија, Иван Стриниќ е ново засилување за „росонерите“.

„Сезоната сега е завршена и можам да кажам дека повеќе не сум фудбалер на Сампдорија и дека потпиша договор на три години со Милан“, изјави Иван Стриниќ.

Стриниќ е лев бек го носи дресот на репрезентацијата на Хрватска и многу веројатно ќе се најде на Мундијалот во Русија. Покрај Сампдорија до сега во својата кариера го носеше дресот на Ле Мане, Драговољац, Хајдук Сплит, Днипро и Наполи.

Иван Стриниќ во Милан ќе му се придружи на Никола Калиниќ, секако доколку напаѓачот не го напушти италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…