Финалето од Купот на Италија ќе помине без еден од најважните играчи на Јувентус.
Во рамките од финалето на Купот на Италија ќе се сретнат големите италијански ривали Јувентус и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри за овој натпревар не ќе може да смета на дефанзивецот Џорџо Киелини, на кого денес му беше потврдена суспензијата.
Тој во реванш натпреварот од полуфиналето против Аталната заработи жолт картон, втор во ова натпреварување, што значи дека нема право за настап во наредниот натпревар.
Покрај него, казнет беше и Миралем Пјаниќ поради обидот да изнуди пенал, Босанецот е казнет со 1500 евра.