Дома Фудбал Италија Потврдено: Јувентус во полуфиналето од купот без Игуаин

Потврдено: Јувентус во полуфиналето од купот без Игуаин

Екипата на Јувентус утре го игра реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Италија против Аталанта.

„Старата дама“ по гостинската победа од 1:0 ќе ја пречека Аталанта во Торино. За оваа средба „бјанконерите“ нема да сметаат на напаѓачот Гонзало Игуаин.

Игуаин се повреди после 16 минути во градското дерби против Торино и мораше да го напушти теренот, а она што се очекуваше сега беше и потврдено.

Аргентинецот не се најде на списокот на Масимилијано Алегри на фудбалери кои ќе конкурираат за утрешниот натпревар.

Покрај Игуаин, Алегри во овој натпревар ќе биде без Федерико Бернаредески, Хуан Квардадо и Матија Де Шиљо.

 

Ова се фудбалерите на кои Алегри може да смета за утрешното полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родри: „Дебито со нов тим е секогаш посебно, мора да го вратам натпреварувачкиот ритам“

Родри е задоволен од своето деби со новиот тим и истакна дека настапот му бил важен за пов…