Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Доха поради проблеми со лактот.
Новак претходно објави дека нема да настапи на турнирот во Абу даби, а сега одлучи да го пропушти и турнирот во Доха бидејќи не е доволно спремен.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Ситуацијата со лактот за жал е непроменета во однос на вчера. И натаму чуствувам болка. Затоа сум принуден да отсуствувам од натпреварувањето на АТП турнирот во Доха.“
Бидејќи минатата година освои трофеј по победата над Енди Мареј, сега ќе изгуби 250 бодови.
Наредниот турнир на кој се очекува Новак да настапи е Австралија Опен кој се игра од 15. до 28. јануари.