Дома Трансфер зона Потврдено: Часови го делат Милан од големо засилување!

Потврдено: Часови го делат Милан од големо засилување!

Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на плејмејкерот на Емполи и алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

21-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во Серија А, а со добрите настапи продолжи и на Африканскиот куп на нации, па го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Бенасер потекнува од школата на Арсенал, но не доби шанса во првиот тим на „топџиите“, па последните две години ги помина во Емполи.

Милан веќе постигна договор со Емполи и за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра, па останува уште да ги договори личните услови со фудбалерот.

„Постигнавме договор со Милан за Бенасер. Сега клубот треба да постигне договор со агентите на играчот. Во следните 24/48 часа трансферот ќе биде комплетиран“, потврди претседателот на Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…