Дома Останати Кошарка Потврдено: Синовец се врати во МЗТ!

Потврдено: Синовец се врати во МЗТ!

Српскиот бек Стефан Синовец се врати во екипата на МЗТ Скопје со која потпиша договор до крајот на сезоната.

Лошиот старт во новата сезона, три порази во исто толку натпревари и повредите на Лалиќ и Дреновац, го натераа раководството на МЗТ да го ангажира искусниот кошаркар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стефан Синовец добро ја познава средината во која доаѓа, тој во два пати беше играч на МЗТ, во сезоната 2013/2014, а потоа по кусиот престој во Солнок во 2014, се врати во тимот и ја одигра до крај сезоната 2014/2015.

Синовец кој е висок 195 сантиметри е бек шутер, но може да игра и како ниско-крило, позиција која е дефицитарна кај МЗТ по повредата на Дреновац.

Дебито на Синовец во МЗТ ќе биде на натпреварот против Цибона кој ќе се одигра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Уште во 2011 година, Леброн Џејмс направи потег кој денес се покажа како еден од најпаметн…