Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус, потврди неговиот клуб Вецлар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миркуловски беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациските натпревари против Данска за настап на ЕВРО 2022 година.
Веднаш после враќањето во клубот даде позитивен тест, па според протоколот е ставен во изолација.
„Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус и надвор од тимот ќе биде во следните две седмици. Тој по враќањето од репрезентативните обврски немаше контакт со ниту едно лице од тимот, што значи дека нема потреба за дополнителни грижи“, стои во соопштението од клубот.