Фудбалерот на агентот потврди дека интерес од Италија постои.
Милан сака во своите редови да го доведе репрезентативецот на Хрватска, Андреј Крамариќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека италијанскиот сака да го види Крамариќ во своите редови потврди агентот на фудбалерот кој верува дека Звонимир Бобан може да има клучно улога во оваа
операција.
Поранешниот играч на Лестер минатата сезона постигна 22 гола во дресот на Хофенхајм и го привлече интересот на бројни клубови, а сега Милан е спремен да соработува со германскиот тим.
„За Крамариќ интерес покажа Милан, но и половина Европа, тој е еден од најефикасните напаѓачи во Европа. Во Германија е помеѓу играчите кои постигнале најмногу голови во претходните две сезони, иако не игра за Борусија Дортмунд или Баерн Минхен. Сите тимови кои бараат напаѓач се заинтересирани за него“.
„Поради Бобан Милам може да има предност. Тој многу ја следи репрезентацијата на Хрватска каде што Крамариќ игра добро во континуитет. Неговите голови секогаш биле одлучувачки. Благодарение на неговите голови Хрватска се пласираше на Светското првенство. Минатата сезона го одведе Хонфехјм во Лигата на шампионите со два гола во последниот натпревар против Борусија Дортмунд“.
„Тој постигнува многу голови и дели асистенции. Тоа што го следат многу клубови е сосема нормално“, изјави агентот на Крамариќ.