Федерико Бернардески е фудбалерот кој е можеби и највреден во дресот на Фиорентина, а изгледа дојде време да замине.
Во редовите на Фиорентина признаа дека Федерико Бернардески сака да замине од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа денес го потврди и претседателот на клубот, Панталео Корвино.
„Боко (менаџерот на Бернардески), ни соопшти дека фудбалерот нема намера да го продолжи договорот со Фиорентина бидејќи има понуда од голем клуб“, изјави Корвино.
Јувентус ќе биде најверојатно неговата наредна дестинацја, се верува дека „бјанконерите“ се спремни да понудат 40 милиони евра, а постои и можност клубот од Торино во овој трансфер да вклучи еден од Томас Ринкон и Стефано Стураро.
Покрај Јувентус, во игра за потписот на овој фудбалер се Интер, Баерн Минхен и Челзи.