Дома Трансфер зона Потврдено: Арнаутовиќ од наредната сезона ќе игра во Серија А

Потврдено: Арнаутовиќ од наредната сезона ќе игра во Серија А

Она што се шпекулираше во претходните денови сега доби и потврда, Марко Арнаутовиќ наредната сезона ќе игра во Серија А.

Арнаутовиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на Болоња, во изјава за италијанските медиуми оваа информација ја потврди директорот на италијанскиот клуб, Валтер Сабатини.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„На Болоња и недостасува дрскост и ароганција. Поради тоа го доведуваме Арнаутовиќ. Тој е кавгаџија, а јас сакам такви играчи“, изјави Сабатини.

Ќе потсетиме, Арнаутовиќ својот проблематичен карактер го покажа и на Европското првенство кога во натпреварот против нас влезе во конфликт со Езгјан Алиоски во финишот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…