Дефанзивецот на Наполи, Раул Албиол одлучи да ја продолжи верноста со италијанскиот клуб и потпиша нов договор до 2021 година.
Шпанецот имаше понуда од Виљареал и медиумите тврдеа дека ќе се врати во Примера, но тренерот Карло Анчелоти го убедил да остане на „Сан Паоло“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Скај Италија“ пренесува дека двете страни веќе постигнале договор и во следните денови Албиол ќе стави потпис на нов договор до 2021 година.
Оваа вест денес ја потврди и претседателот на Наполи Де Лаурентис, кој исто така потврди дека клубот е блиску до привлекување на голманот на Удинезе, Алекс Мерет.