Дома Топ вести Потврдено: Адис Јаховиќ има нов клуб!

Потврдено: Адис Јаховиќ има нов клуб!

Гозетепе не успеа да го задржи Македонецот Адис Јаховиќ во своите редови.

Познато е дека Јаховиќ беше најдобриот фудбалер на овој клуб, но во вториот дел од сезоната тој ќе ги брани боите на Коњаспор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јаховиќ со Коњаспор потпиша договор на две ипол години.

Коњаспор оваа сезона се бори за опстанок во најдобрата турска лига и имаат проблем со ефикасноста, во 19 натпревари постигнаа само 19 погодоци, па сметаат дека со Јаховиќ можат да го решат овој проблем и да обезбедат опстанок.

Информацијата за трансфер на Јаховиќ ја соопшти членот на управата, Ахмет Бајдар.

Македонскиот напаѓач зад себе има одлична полусезона во која успеа да постигне 14 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…