Мани Пакјао го потврди боксерскиот меч со Конор Мекгрегор откако Ирецот вчера на Твитер објави дека Филипинецот ќе му биде следен противник.
Пакјао кој во овој момент еден од 24-те сенатори на Филипините објави дека борбата ќе се одржи следната година некаде на Блискиот исток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Господинот Пакјао голем дел од заработката од борбата ќе донира во борбата против Ковид-19 на Филипините и така ја потврдува оваа борба. Адвокатите ги решаваат последните детали околу договорот, а двајцата борци веќе почнаа со припремите“, изјави портпаролот на Пакјао.
Деталите за организацијата не се познато, но постои опција шефот на УФЦ Дајна Вајт да биде организатор затоа што пред неколу дена изјави дека ќе објави нешто големо поврзано со боксот.