Дома Фудбал Франција Потврдена агонијата на славниот француски клуб

Потврдена агонијата на славниот француски клуб

Славниот француски фудбалски клуб Бордо од оваа сезона ќе игра во четвртиот ранг на натпреварување.

Оваа информација не е ништо ново, но сега ја потврдија и највисоките спортски власти во Франција, каде челниците на клубот се обидоа да издејствуваат полесна казна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нивната жалба вчера беше одбиена од Францускиот национален олимписки и спортски комитет.

Поради оваа причина, останува на сила веќе изречената санкција што клубот ја доби поради долгови кон играчите и финансиски колапс.

Апелот до Спортско-олимпискиот комитет беше последна шанса и трошка надеж за Бордо да го избегне најлошото сценарио, иако најтешкиот период допрва доаѓа бидејќи почнуваат од „нула“.

Екипата требаше да го започне натпреварувањето викендов, но клубот го одложи натпреварот, а голема е веројатноста тоа да не биде единствениот одложен натпревар, бидејќи најголемиот дел од играчите го напуштија клубот, па ќе треба време да се доведат нови фудбалери.

Бордо шест пати беше шампион на Франција, последен пат во 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Се сеќавате на Луис Саха? Денес има бизнис кој го направи милијардер!

Некогаш славниот француски напаѓач и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, по завршув…