Дома Трансфер зона Потврда од Серија А: Милан го ангажираше „вечниот талент“ (фото)

Потврда од Серија А: Милан го ангажираше „вечниот талент“ (фото)

Вест која дел од навивачите на Милан ќе ја прифатат со скептицизам.

Како што беше потврдено на официјалниот сајт на Серија А, Ален Халиловиќ е нов член на Милан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се најавуваше дека ќе потпише договор, се појавија и информации дека ги поминал лекарските прегледи, а од денес и нема никакви дилеми.

Халиловиќ е трето засилување за Милан и тоа трето за кое не плаќаат оштета. Претходно во клубот пристигнаа Иван Стриниќ и Пепе Реина, нивните трансфери беа потврдени во текот на вчерашниот ден.

Ален Халиловиќ важи за „вечен талент“, не се докажа, иако од него многу се очекуваше кога го сврте вниманието на фудбалскиот свет како член на Динамо Загреб.

Настапуваше за Споринг Хихон во Шпанија, последната сезона ја помуна на позајмица во Лас Палмас од Хамбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…