Веќе некое време во македонската спортска јавност се зборува за можноста Благо Георгиев со конзорциум од неколку компании да го превземе фудбалскиот клуб Вардар.
Георгиев таквите најави ги потврди јавно за бугарската телевизија „ТВ Нова“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пријателите во Македонија ми кажаа за ситуацијата во Вардар. Тоа е клуб како Левски и ЦСКА кај нас во Бугарија. Има голема традиција и многу фанови, еден од најпопуларните во Македонија, амбициите се големи. Не можам во детали да зборувам за нешто што уште не се случило. Сакаме да помогнеме, тука мислам на моите партнери и пријателите од Македонија“, гласи изјавата на Георгиев.
Инаку, Благо Георгиев е поранешен фудбалер кој во кариерата играше за Славија Софија, Депортиво Алавес, Црвена Звезда, Дуисбург, Терек Грозни, Амкар, Рубин Казан и Оренбург.