Дома Топ вести Постои фудбалер на кој и Меси му се восхитува!

Постои фудбалер на кој и Меси му се восхитува!

На клупски план Меси освои апсолутно се, а голема помош за тоа имаше и од одличните соиграчи кои му беа голема поддршка во Барселона.

Сепак, еден фудбалер остави посебен впечаток кај Меси, а тоа е Андрес Иниста.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Андрес и јас сме многу слични фудбалери. Многу го користиме телото за да му избегаме на противниците, но тој има нешто што ме восхитува. Кога и да помислите дека некој ќе му ја земе топката, тоа е невозможно. Не е брз, но со еден потег ве остава позади себе. Андрес има неверојатна техника и сигурно е еден од најдобрите во светот“, истакна Меси.

Од 2004 година овие двајца заедно играат во Барселона и во тој период освоија дури 8 титули во Примера и четири трофеи во Лигата на шампиони.

Меси во тој период дури пет пати беше прогласиван за најдобар фудбалер на светот, а голем број љубители на фудбалот сметаат дека барем еднаш „Златната топка“ моаше да заврши во рацете на Иниста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бизарно: Навивачи изнесоа ковчег на улица, па го „погребаа“ најголемиот ривал (Видео)

Фудбалскиот клуб Сампдорија за првпат во историјата испадна во Серија C, третиот ранг на и…