Дома Трансфер зона Постигнат договор: Умтити се сели во Серија А

Постигнат договор: Умтити се сели во Серија А

Барселона и Лече постигнаа договор за едногодишна позајмица на Самуел Умтити, потврдија италијанските медиуми.

Дефанзивецот утре ќе пристигне во Италија на лекарски прегледи и ќе потпише за Лече, каде ќе игра на позајмица до јуни 2023 година.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Барселона сакаше по секоја цена да се ослободи од Умтити, кој не е во плановите на Чави, но бидејќи немаше многу заинтересирани клубови се согласи да го пушти во Лече, а таа да ја плаќа поголемиот дел од платата.

Лече на Барселона ќе и плаќа според учинокот што ќе го има Умтити, односно според минутите што ќе ги мине на теренот.

Тоа значи дека Барселона ќе заштеди малку пари, но сепак успеа да се ослободи од еден фудбалер, кој е „вишок“ во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…