Дома Трансфер зона Постигнат договор: Лацио доби засилување од „Енфилд“

Постигнат договор: Лацио доби засилување од „Енфилд“

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Лацио постигнал договор со талентираниот фудбалер на Ливерпул, Боби Адекање.

Станува збор за младински репрезентативец на Холандија, кој ќе потпише четиригодишен договор со тимот од „Олимпико“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Самиот фудбалер потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Рим.

„Одам во Рим, трансферот е заврешен 80%. Наскоро ќе донесам конечна одлука со мојот агент“, изјави младиот фудбалер.

Адекање оваа сезона играше одлично со вториот тим на Ливерпул, но не успеа да запише настап со првиот тим.

Тој е со потекло од Нигерија, а првите фудбалски чекори ги направи во академијата на Ајакс, а потоа се пресели во Барселона во „Ла Масија“.

Лацио нема да плати обештетување за неговиот потпис, бидејќи договорот со Ливерпул му истекува во јуни оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…