Кристијан Ериксен се сели во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.




„Црвените ѓаволи“ постигнале договор за тригодишна соработка со данскиот фудбалер и тој наскоро ќе стане нов член на тимот од „Олд Трафорд“.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ериксен во Јунајтед пристигнува како слободен играч откако претходните неколку месеци ги помина во Брентфорд.




Ќе потсетиме, Ериксен пред околу една година доживеа тежок срцев удар на натпреварот од Европското првенство помеѓу Данска и Финска.




Иако се сметаше дека неговата кариера е завршена, тој продолжи да игра со вграден дефибрилатор.




На почетокот на оваа година потпиша за Брентфорд и во вториот дел од сезоната прикажуваше солидни настапи со што го привлече вниманието на повеќе тимови.