Македонскиот репрезентативец Дашмир Елези е пред трансфер во турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат турските медиуми.
Турските медиуми пишуваат дека е само прашање на време кога трансферот ќе биде официјализиран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
17-годишниот талент ќе го следи патот на Елмас, а Шкендија за неговата слобода ќе добие 600.000 евра.
Елези се уште не е полнолетен, поради што Фенербахче чека дозвола од ФИФА да го регистрира трансферот. Доколку не добијат дозвола тогаш имаат две опции да го донесат младиот фудбалер. Клубот ќе треба да му најде работа на таткото на Елези и да го преселат семејството во Истанбул или пак тој да добие аматерски договор и да настапува за У19 тимот на Фенербахче додека во ноември не стане полнолетен.