Дома Трансфер зона Постигнат договор: Давид Нерес има нов клуб!

Постигнат договор: Давид Нерес има нов клуб!

Давид Нерес се сели во Бенфика откако не одигра ниту еден натпревар за Шахтјор.

Бразилецот оваа зима се пресели од Ајакс, но поради прекинот на првенството поради војната, не успеа ниту да дебитира. Нерес потпиша за Шахтјор во средината на јануари откако дојде од Ајакс за 12 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Нерес претходно пет сезони го носеше дресот на Ајакс и одигра 180 натпревари, постигна 47 гола и додаде 41 асистенција. Според најавите тој утре ќе ги помине прегледите и ќе потпише договор со Бенфика до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…