Славниот Гиљермо Очоа кој во својата кариера најпознат стана по настапите на Светските првенства за Мексико каде што секогаш бранеше на високо ниво до крајот на сезоната ќе брани во Серија А.
Медиумите во Италија пренесуваат дека Очоа денес ќе пристигне во Италија и ќе ги помине медицинските тестови по што ќе стави договор со Салернитана до крајот на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Салернитана Очоа пристигнува како слободен играч бидејќи договорот со Клуб Америка му завршува на 31. декември.
За Очоа ова ќе биде првпат да брани во Италија претходно од најсилните првенства бранеше во Лига 1 за Ајачио и во Ла Лига за Малага и Гранада.