Европските гиганти беа силно заинтересирани за потписот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернаднеш, но последните информации се дека Манчестер Сити ја победил конкуренцијата.
24 годишниот фудбалер за врска оваа сезона буквално „експлодира“ и постигна неверојатни 31 гол во сите натпреварувања, притоа запиша 17 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед, Јувентус и Пари Сент Жермен од поодамна покажаа интерес за Португалецот, но се чини дека Гвардиола ја доби битката за неговиот потпис.
Манчестер Сити веќе воспоставил контакт со агентцијата која го застапува Бруно Фернандеш и двете страни веќе постигнале договор за трансфер тежок 55 милиони евра.
Фернандеш има договор со Спортинг до 2023 година и во истиот има откупна клаузула во износ од 100 милиони евра, но клубот ја прифатил понудата на „граѓаните“ и трансферот е пред реализација.
Инаку, Фернандеш во Спортинг пристигна од Сампдорија летото 2017 година за нешто помалку од 10 милиони евра. Пред Сампдорија настапуваше за Удинезе, Новара и Боависта, клубот во чија младинска школа и поникна.
Sporting CP have accepted a €55m bid from Manchester City for Bruno Fernandes. (Source: Di Marzio) pic.twitter.com/e4k8C7A0Yi
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 7, 2019