Дома Трансфер зона Постигнат договор: Баер го победи Баерн за 18 годишниот „вундеркид“ – 25+10 милиони евра!

Постигнат договор: Баер го победи Баерн за 18 годишниот „вундеркид“ – 25+10 милиони евра!

Трансферот ќе биде реализиран кога фудбалерот ќе наполни 18 години.

Од повеќе извори пристигнува иста вест – Бразилецот Паулињо е нов фудбалер на Баер Леверкузен и на овој клуб ќе му се приклучи во текот на летото, односно после 15 јули кога Паулињо ќе наполни 18 години.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Баерн Минхен исто така беше заинтересиран за услугите на овој фудбалер, но сепак ја изгуби трката со ривалот од Бундес лигата што е навистина реткост.

Секако, причината поради која Паулињо го избира Леверкузен е поголемиот простор за игра кој сигурно ќе го има повеќе отколку во Минхен.

Во медиумите се објавуваат и бројки од трансферот. Неговиот сегашен клуб Васко Де Гама ќе добие 25 милиони евра, а доколку Паулињо исполни одредени одредени услови бразилскиот клуб ќе инкасира дополнителни 10 милиони евра.

Паулињо е роден на 15 јули 2000 година, игра на позицијата напаѓач и ги помина сите младински категории на „кариоките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…