Дома Фудбал Останато После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

Сомнителниот гол на Црвена Звезда во големото градско дерби предизвика големи полемики во јавноста, но и ги натера челниците на Партизан да преземат радикални мерки пред гостувањето со Раднички во Ниш.

Имено, „црно-белите“ се одлучија на гостувањето во Ниш да донесат оперативци со камери, а како што пренесуваат српските медиуми нивната задача ќе биде да го снимаат мечот, а особено главниот и помишните судии. Па така во случај да се повторат спорните ситуации, клубот ќе ги има неопходните докази.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Причина за ваквиот потег на Партизан е секако незадоволството од судењето во последните неколку меча и сметаат дека судиите во Ниш можат да делуваат на резултатот со своите одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…