Дома Останати Ракомет После осум години се најде некој кој може да го сруши рекордот на Лазаров

После осум години се најде некој кој може да го сруши рекордот на Лазаров

Сандер Сагосен игра неверојатно на ова Европско првенство, а за неговите настапи најдобро зборува статистиката.

Моќниот среден бек на Норвешка е вистински лидер на својот национален тим и ги предводеше Норвежаните до седум победи кои им обезбедија полуфинале.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


24 годишниот член на ПСЖ до сега постигна 51 гол и се наоѓа убедливо на првото место на листата на стрелци.

После неколку првенства во овој момент е загрозен рекордот на македонската легенда Кире Лазаров. Лазаров на Европското првенство во Србија на кое Македонија заврши на петтото место постигна 61 гол.

Сагосен има реални шанси да го сруши рекордот на Лазаров бидејќи пред себе има уште три натпревари, почнувајќи од денешниот со Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…