Барселона вечерва официјално соопшти дека Меси си заминува.
Оваа вест сигурно ги погоди навивачите на каталонскиот клуб, а предизвик шок кај сите фудбалски фанови.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Се до денес најавите беа дека Меси ќе го продолжи договорот, но како што клубот потврди поради финансиската ситуација немало никаква можност Меси да ја продолжи соработката.
После таа објава, страницатан а Барселона некое време не беше достапна поради големиот број посети истовремено.
Меси во Барселона дојде како 13-годишник и прерасна во еден од најголемите, многумина ќе кажат и најголем играч во историјата на Барселона.