Дома Фудбал Англија После натпревар со 10 гола Ливерпул на пенали го елиминираше Арсенал (ВИДЕО)

После натпревар со 10 гола Ливерпул на пенали го елиминираше Арсенал (ВИДЕО)

Вечерва Ливерпул и Арсенал го одиграа еден од најлудите натпревари во последните неколку години.

Во рамките од 1/8 финалето во Лига Купот регуларните 90 минути завршија со неверојатни 5:5.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул стигна до водство со автоголот на Мустафи уште во шестата минута. Тореира изедначи во 19-тата, а потоа Мартинели во 26-тата и 36-тата погодуваше за 1:3. На 2:3 во финишот од првиот дел намали Џејмс Милнер од пенал.

Со исто темпо се продолжи и вториот дел.

После помалку од десет минути игра во вториот Мејтланд Најлс зголемува на 2:4, а четири минути подоцна Чемберлејн со одличен удар од далечина намалува на 3:4, веќе во 62-та минута резултатот беше 4:4 погоди Ориги.

Арсенал одново стигна до предност и тоа со еден еврогол на Вилок.

Предноста на „топџиите“ беше актуелна се до финишот од натпреварот кога Ориги го постигна својот втор гол на натпреварот за неверојатни 5:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе ги спречи соиграчите да направат шпалир за Барселона по Суперкупот

Во извонредното финале на шпанскиот Супер Куп, Барселона триумфираше над Реал Мадрид со 3:…