Дома Фудбал Останато После летното фијаско, Јунајтед спремен на „реновирање“: Прва мета е човекот кој го доведе Роналдо во Јувентус

После летното фијаско, Јунајтед спремен на „реновирање“: Прва мета е човекот кој го доведе Роналдо во Јувентус

partici martoa

Mанчестер Јунајтед ова лето доживеа вистинско фијаско на трансфер пазарот, Мурињо не доби ниту една од поголемите желби кои ги посакуваше.

Португалецот во своите редови ги сакаше Иван Перишиќ, Диего Години, Тоби Алдервилд, Жером Боатенг, Хари Мегваер...На крајот никој од нив не заврши на „Олд Трафорд“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради таквата ситуацијата „The Independent“ пишува дека во клубот се подготвуваат за сериозни реформи.

Имено, наводно луѓето во Манчестер размислуваат за промена на луѓето кои работат на трансфер пазарот и сакаат да доведат нови имиња, а мети им се во овој момент сигурно едни од најдобрите на ова поле.

Прв е Фабио Партичи од Јувентус, човекот кој заедно со Џузепе Марота има најголеми заслуги за моќниот тим на Јувентус. Токму Партичи се означи како главниот „виновник“ што Кристиано Роналдо заврши во Јувентус, односно тој ги остварил првите контакти со неговиот агент.

Желба е Мончи кој буквално ја „реновира“ Рома оваа сезона и успеа да доведе голем број засилувања, дека се работи за експерт во својата работа покажа и во Севиља.

Сепак, јасно дека „ѓаволите“ тешко ќе дојдат до еден од овие двајца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…