Легендата на Рома, Франческо Тоти после две години присуствуваше на натпревар на Рома. Тоти го следеше поразот од Интер на „Олимпико“.
Во период од 2018 до 2019 година Тоти ја извршуваше функцијата спортски директор на Рома, додека со клубот управуваше Џејмс Палота. Од клубот си замина кога американскиот милијардер Ден Фридкин стана сопственик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше специјално чуство затоа што се вратив на стадионот после две години. Ова е мојот дом. Им благодарам на навивачите за пречекот“, изјави Тоти и потврди дека разговарал со Фридкин.
„Разговарав со Фридкин, но во овој момент не сум блиску до враќање на некоја функција во клубот“.
За Мурињо има само пофални зборови.
„Мурињо е одличен тренер. Мораат луѓето да имаат трпение. Ако не сте спремни да патите, тогаш не можете да бидете навивач на Рома“, изјави Тoти.