Дома Трансфер зона Последниот потег на Наполи е доказ дека Осимен е целосно отпишан

Последниот потег на Наполи е доказ дека Осимен е целосно отпишан

Нигериецот Виктор Осимен како што стојат работите ќе биде најголемиот губитник во преодниот рок ако нешто не се промени во наредите три дена.

Осимен беше блиску до трансфер во Ал Ахли, но на крајот во ситуација кога имаше скоро се договорено го стави овој клбу на чекање поради Челзи. Челзи не се договори со Наполи, преодниот рок заврши и трансферот пропадна.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Ал Ахли во меѓувреме го доведе Ајван Тони и по се изгледа сега не се толку заинтересирани да потрошат милиони на играч кој ги изигра. Преодниот рок во Саудиска Арабија е отворен уште три дена, меѓутоа најавите се дека саудијците по играта на Осимен целосно се откажале од него.

Од друга страна во Наполи е целосно отпишан, а доказ за тоа е и што клубот не го пријави за Серија А и неговата „деветка“ е доделена на Ромелу Лукаку.

Според сето ова Осимен е најблиску да преседи на трибини барем до јануарскиот преоден рок кога ќе може да се активираат европските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најде ли Рабио конечно клуб? Преговорите започнале

Веќе сме средина на септември, а Адриен Рабио се уште нема клуб, тој е слободен играч и ни…