Никој не може да му ги избрише или негира влијанието, резултатите, трофеите и начинот на игра. Од Арсенал направи империја. Исто така впечатокот е дека повеќе не е како некогаш. Особено што одамна не е сериозен кандидат за титулата во Англија, ниту игра сериозна улога во европскиот фудбал.
Сепак, тоа е Арсен Венгер, еден од најјдобрите тренери на светот на сите времиња. Се почесто се вели дека времето го прегазило, а тој мирно, како и секогаш само наоѓа прилика да одговори. Никогаш со повисок тон, никогаш безобрано. Аргументирано!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свесен е дека не оди, меѓутоа, на основа на она што зборуваше во интервју за ЕСПН, делува дека договорот ќе го одработи до крај, односно дека нема да има промена на теренот ниту после оваа разочарувачка сезона.
„Мое е да се фокусирам, да правам добри работи за клубот, а да го игнорирам останатото. А повторно, колку сте постар,се почесто потпаѓате под влијание на дискриминација поради годините“, истакна Венгер, кој изминатиот октомври го прослави својот 68. роденден.
Помеѓу останатото, поради тоа се погласни се барањата да си замине, Особено што е многу тешко до крајот на оваа сезона да се избори за пласман на првите четири позиции на табелата или да обезбеди место во ЛШ со евентуално освојување на Лига Европа.
„Можам да прифатам дека резултатите не се доволно добри. Таква е работата, како тренер морам да ги трпам последиците, ако не работам добро. Само, тешко ми е да го прифатам непрестаното инсистирање на тоа колку долго сум во клубот и колку години имам. Се останато прифаќам. Се занимавам со јавна професија, мое е да ја прифатам одговорноста ако изостануваат резултатите“.
Често сеќавањата работат, без намера да броиме 22 години откако пристигна во Арсенал. Во меѓувреме освои три титули, седум ФА Купа и го подигна клубот до тоа ниво да заработи доволно и да изгради нов стадион. Се од трансферите на играчите кои ги афирмираше.
„Доволно сум наивен да верувам дека со текот на времето на страна ќе остане емотивниот контекст на приказаната, а на површина ќе избие сето она што сум го направил за клубот. Ниту резултатот или начинот на игра од последниот меч, ниту дали ќе ми и колку догло аплаудираат кога еден ден ќе престанам да се занимавам со оваа професија“.
Последната реченица сугерира дека нема да се повлече по барање на навивачите. Особено што му остана уште една година од договорот и што информациите за наводниот договор со Томас Тухел како негова потенцијална замена се испоставија како неточни.
За крај..
„Малку ми се смачи од модерното сфаќање на фудбалот, по кој мора да се грижиме за имоџот. Не ме интересира каков впечаток оставам на другите, концентриран сум на вредностите кои не се губат. Целиот живот го посветив на идејата дека е поважно што си и кој си, отколку да се претставуваш во јавноста и како изгледаш“, порача Венгер.