Ерлинг Халанд премине од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити за сума од 60 милиони евра.
Еден од најдобрите напаѓачи во светот го заврши трансферот во Сити кој беше потврден во вторникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Комплетниот пакет околу трансферот ќе ги чини „граѓаните“ повеќе од 300 милиони евра. Од таа сума 60 одат на Борусија, Салзбург и поранешните клубови на Халанд, а многу пари завршија и во касата на агенцијата која до неодамна ја водеше Мино Раиола.
Познатиот менаџер за жал почина пред реализацијата на овој голем трансфер и провизијата од трансферот ќе им припадне на луѓето кои го наследија.
Ова провизија изнесува неверојатни 40 милиони евра и ќе ја добијат Виченцо Раиола и Рафаел Пиаменто кои сега се на чело на агенцијата.
„Провизијата за агенти е околу 40 милиони евра. Тоа е цифра која малку привлекува внимание што е знак колку нормално стана сето тоа денес“, напиша новинарот Себ Стафорд-Блор.