Дома Фудбал Италија Посебната молба на Роналдињо до Алварез: Еве ти го дресот само не ме удирај повеќе

Посебната молба на Роналдињо до Алварез: Еве ти го дресот само не ме удирај повеќе

Италијанската Серија А е синоним за агресивна и цврста одбрана. Тоа на своја кожа го почувствува Роналдињо додека играше за Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот играч на Катанија, Пабло Алварез се потсети на еден натпревар против Милан. Аргентинскиот дефанзивец на таа средба бил задолжен да го чува Роналдињо.

За да не биде понижен тој се одлучил на нешто по агресивен пристап, а тоа легендарниот Бразилец не можел да го трпи па на полувремето го замолил да не го удира повеќе.

„Кога заврши првото полувреме од натпреварот Милан – Катанија на „Сан Сиро“ се приближувавме до тунелот. Дојде до мене го соблече дресот и ми кажа: Алварез, еве ти го дресот само не ме удирај повеќе. Ми го го даде дресот, беше невозможно да го запрете. Како да леташе по теренот, сигурно дека е еден од најдобрите во историјата“, раскажа Аргентинецот.

Роналдињо во Серија А играше три години и за тоа време се израдува на Скудето во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…