Дома Фудбал Останато Посебен третман во клиниката во Бело Хоризонте – Нејмар ќе престојува во Рио и ќе патува со хеликоптер

Посебен третман во клиниката во Бело Хоризонте – Нејмар ќе престојува во Рио и ќе патува со хеликоптер

neymar

Откако вчера вечер Пари Сен Жермен соопшти дека на Нејмар ќе му биде направена операција, фудбалерот отпатува во Бразил.

Операцијата на Нејмар ќе биде направена во Бело Хоризонте, поточно во болницата „Хоспитал Матер Деи – Унидаде Санте Агостино“.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Очекувано, поради епитетот на светска мега ѕвезда болницата ќе има посебен режим во деновите кога тука ќе пристигнува најскапиот фудбалер во светот.

Нејмар нема да престојува во болницата. Ѕвездата на ПСЖ ќе биде сместен во Рио Де Жанеиро, а во Бело Хоризонте ќе патува со хеликоптер со цел да се избегне метеж во собраќајот од бранот на фанови на Бразилецот.

Потоа, во делот каде ќе се лекува Нејмар ќе биде затворено целото крило и во тие моменти пристап до тој оддел би имале само вработените во болницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…