Maнчестер Сити вчера ја одбрани титулата шампион на Англија откако во последното коло го победи Брајтон со 4:1. Првенството „граѓаните“ го завршија со еден бод повеќе од Ливерпул кој на „Енфилд“ го победи Вулверхемптон со 2:0.
Пред последните 90 минути од првенството, Сити имаше бод повеќе од „црвените“ и самиот одлучуваше за својата судбина и на крајот не дозволија изненадувањр.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул така и со освоени дури 97 бодови остана без титулата (30 побени, седум нерешени натпревари и еден пораз). Тој еден пораз Ливерпул го доживеа токму од
Сити на почетокот на оваа година.
„Црвените“ на „Етихад“ беа поразени со 2:1, а поранешниот англиски судија Кеит Хакет смета дека во тој натпревар имало судиска одлука која го одлучила првенството.
The turning point in the Premier League title was decided in the Man City v Liverpool game. 31st minute when Kompany went in from distance with two feet off the ground on Mo Salah. Anthony Taylor failed to red card the offence! City won 2-1
— KEITH HACKETT (@HACKETTREF) May 13, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=S62pGguQt6w
Според него клучниот момент се случил во 31-та минута од тој натпревар кога судијата Ентони Тејлор стартот на Винстент Компани над Мохамед Салах го санкционираше само со жолт картон.
Тоа се случи при резултат 0:0, а Сити подоцна со головите на Агуеро и Сане славеше со 2:1, додека за Ливерпул погоди Фирмино.
Инаку, Ливерпул во тој натпревар влезе со предност од седум бодови, а Сити со победата се доближи на четири.