Дома Фудбал Иско откри како брутално бил понижуван од поранешниот тренер Сантијаго Солари

Иско откри како брутално бил понижуван од поранешниот тренер Сантијаго Солари

Поранешната ѕвезда на шпанскиот фудбал, 31-годишниот напаѓач Иско Аларкон откри како во Реал Мадрид бил брутално понижуван од поранешниот тренер Сантијаго Солари.

Аргентинецот беше назначен за тренер во октомври 2018 година и тука започнува приказната на Иско.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По пет години молк, Иско Аларкон конечно ја отвори душата за шпанските медиуми. Тој даде интервју за Марка во кое откри навистина неверојатни детали кои му се случиле во изминатите неколку години.

Иско најмногу се пожали на аргентинскиот стручњак Сантијаго Солари, кој во клубот пристигна во октомври 2018 година. Го уништил и исмејувал на невиден начин.

„Кога дојде Солари, Иско повеќе го немаше. Немав поддршка од никого“, вели фудбалерот и продолжува:

„Ме натера да патувам на натпревари и потоа ме оставаше на трибините. Сега кога ќе погледнам наназад, требаше веднаш да заминам. Сепак, тешко е да се напушти Реал Мадрид“.

“Што се случи со Солари? Не знам. По еден натпревар во кој ме испрати на трибините без причина, добив повик од него. Тој ми рече дека добро тренирав и дека ќе ми верува. Во следниот натпревар, повторно на трибините. Не, знам дали тој ме исмејуваше на тој начин“.

Иско имаше можност да замине во Барселона во 2018 година. Лично му се јави тогашниот претседател на клубот, Хосеп Марија Бартомеу. Сепак, Иско не сакаше да го изневери Кралскиот клуб.

„Бартомеу ме покани… Сепак, јас бев среќен во Реал, тоа беше мојот тим од соништата и не би го напуштил Реал ниту за сето злато на светот“, изјави Иско.

Кој и да ме потпише ќе добие вистински работник кој е подготвен да игра и да дава голови“, изјави Иско.

Иско го носеше дресот на кралевите од Мадрид од 2013 до 2022 година. Се појави на 353 натпревари и постигна 53 гола, а ги освои сите можни трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …