Дома Фудбал Англија Поранешниот тренер на Манчестер Сити ќе води четвртолигаш

Поранешниот тренер на Манчестер Сити ќе води четвртолигаш

Aнглискиот четвртолигаш Бредфорд денес за нов тренер го именуваше Марк Хјуз.

Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Блекбурн, Фулам, Саутемптон, Стоук и КПР го наследува на клупата Дарек Адамс кој неодамна доби отказ после лошите резултати. Под негово водство екипата оствари девет победи на 37 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бредфорд е 15-ти на табелата во четвртата лига и се наоѓа на 11 бодови од зоната на испаѓање. Хјуз во сабота првпат ќе го води тимот против Менсфилд. Ова ќе биде прва работа за 58-годишниот Хјуз после три ипол години кога доби отказ во Саутемптон.

Во период од 1999 до 2004 Хјуз беше и селектор на репрезентацијата на Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го пронајде играчот за спас на сезоната

Ливерпул го насочи својот интерес кон Мики ван де Вен од Тотенхем во обид да ја засили сво…