Мауро Икарди веќе подлго време е капитен на Интер и дефинитивно најдобар играч на овој клуб за кој постигна 109 погодоци на 187 натпревари.
Меѓутоа не мислат сите дека 25 годишниот Аргентинец треба да биде капитен на Интер, а еден од нив е поранешниот тренер на „нероаѕурите“, Франк Де Бур.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот на клупата на Интер престојуваше краток период, од август до ноември 2016 година, а во текот на неговите 14 натпревари кои ги собра како тренер на клубот од „Џузепе Меаца“, Икарди беше капитен, иако тој смета дека не заслужува.
„Икарди е одличен играч, но сигурно не е за капитен. Тој направи некои работи кои не се достојни на еден капитен, пример судирот со навивачите…Но, намерно не му ја одземав капитенската лента бидејќи тоа би имало негативно влијание врз него и атмосферата во соблекувалната. Ако мене ме прашувате, Сами Хандановиќ е идеален за таа улога. Без никакви дилеми“, изјави Де Бур.
На крајот сепак потенцираше дека нема никакви проблеми помеѓу него и Икарди.
„Икарди го сакам како фудбалер. Од првиот тренинг видов колку е добар играч и колку се труди. Постигнуваше голови од сите можни позиции и тоа што подолг период игра на високо е доволен факт за неговите квалитети“, заврши Де Бур.