Дома Македонски спорт Поранешниот репрезентативец на Македонија: Заспав како најдобар стрелец, се разбудив како најголем криминалец!

Поранешниот репрезентативец на Македонија: Заспав како најдобар стрелец, се разбудив како најголем криминалец!

Поранешниот ракометар на Македонија, Горан Кузманоски беше принуден да ја заврши кариерата која место со поздрав од публиката ја заврши со статусот допингуван. Сега, две години подоцна тој зборуваше за тие моменти од неговата кариера.

Поранешниот ракометар на Еурофарм беше главен соговорник во истражувачката сторија на ИРЛ направена на тема забранети суплементи за здравје и убавина.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Во септември сè личеше дека ќе е добра сезона и ми даде ентузијазам дека ќе бидам дел од промените во Еурофарм каде што се дигна моралот“, раскажува Кузмановски кој на овие последни натпревари очекувал да го изгради својот имиџ на тренер за кариерата што сака да ја следи. Кузмановски добива две признанија за најдобар стрелец на два меѓународни натпревари во подготвителниот период. Но, во октомври ќе пристигнат вознемирувачки вести“.

Шокиран бил и тогашниот тренер на Еурофарм, Ѓорѓе Цриковиќ.

„Тоа требаше да му биде најдобрата сезона во кариерата. Во моментот тој беше и нашиот најдобар играч“, вака тренерот Цирковиќ го доживеал позитивниот допинг-тест на Кузмановски направен пред првиот европски меч“.

На крајот се што му се случува најдобро објаснува со една реченица.

„Заспав како најдобар стрелец, а се разбудив како најголем криминалец“, раскажува Кузмановски.

Целата сторија на ИРЛ можете да ја погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …