Дома Фудбал Останато Поранешниот голман на Англија објави крај на кариерата

Поранешниот голман на Англија објави крај на кариерата

Eкс-репрезентативниот голман на Англија Бен Фостер одлучи да стави крај на кариера по само пет натпревари во новата сезона на голот на Врексам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот голман има 40 години, а своевремено пет години беше во Манчестер Јунајтед од 2005 до 2010, но имаше улога на резервен голман и одигра само 12 натпревари.

Покрај Јунајтед го носеше дресот уште на Вотфорд, Бирмингем, ВБА Стоук. За репрезентацијата собра осум настапи.

„Моите перформанси не се на посакуваното ниво, не е онака како што очекував и затоа мислам дека е време да се откажам. Ова е најдобра одлука за мене и клубот, сметам дека е време да кажам збогум и да оставам простор клубот да ангажира нов голман пред крајот на преодниот рок“, изјави Фостер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како ова не е гол? Го имаме најголемото промашување досега на Мундијалот! (Видео)

Швајцарската репрезентација се израдува на победа од 2:0 над Алжир, со што го обезбеди пла…