Поранешниот голем талент на Барселона Кристијан Тељо ја напушти Европа.
Тељо во иднина ќе игра во САД. Барселона ја напушти во 2017 година и од тогаш играше за Порто, Фиорентина и Бетис, а сега на 31 година ќе го носи дресот на Лос Анџелес ФК.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој клуб Тељо им се придружува на Џорџо Киелини и Герет Бејл кои пристигнаа ова лето.
Ваквиот трансфер за поголем дел од шпанската јавност е изненадување затоа што сметаат дека има уште што да даде на највисока фудбалска сцена.
Cristian Tello is Black & Gold.
— LAFC (@LAFC) August 26, 2022
🤝 #LAFC Transfers presented by @remitly.