Различни сувенири и предмети од славни личности често се продаваат на аукција за стотици илјади, па дури и милиони долари, но оваа недела еден среќник ќе добие шанса да купи скап автомобил некогаш возен од Мајкл Џордан за само 23 долари, симболична сума во чест на број на неговиот дрес.
Еден од најпознатите возила во неговата колекција беше Mercedes-Benz S600 Lorinser од 1996 година, кој го продаде пред неколку години и беше проценет на 120.000 долари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По извесно време, новиот сопственик се обидел да го препродаде, го ставил на аукција за 100.000 и добил понуда од дури 202.000 долари, но подоцна се испоставило дека понудувачот немал пари да го плати, па се пропаднало.
Don’t adjust your TVs folks, you heard it right…$23! 🤯
— Whatnot (@Whatnot) July 24, 2023
Buckle-up, we’re headed to the @nsccshow in the ultimate 1 of 1, a 1996 Mercedes-Benz S600 Lorinser previously owned by basketball legend Michael Jordan, and it can be yours for the low price of $23!
Stay tuned 👀 pic.twitter.com/oFbzGt3WYI
Сега сопственикот повторно го стави на продажба, но не на аукција каде повторно би достигнала шестцифрена цена, туку буквално за 23 долари.
Заинтересираните, пишуваат американските медиуми, можат да се пријават на апликацијата, каде со лотарија ќе се избере добитникот на правото да го добие ова парче спортска историја.