Дома Фудбал Останато Поранешната српска снаа и некогаш најубава жена во светот ќе работи во ФИФА!

Поранешната српска снаа и некогаш најубава жена во светот ќе работи во ФИФА!

Бразилската убавица и некогашната најубава жена во светот Адријана Лима доби работа во ФИФА каде што ќе биде задолжена за промовирање на фудбалот.

Информацијата ја објави ФИФА на својот официјален сајт, а веќе првата изјава ја даде и претседателот Џани Инфантино кој кратко ја објасни улогата која ќе ја има светската убавица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ја чувствувате нејзината топлина и љубезност, како и нејзината страст кон фудбалот. Таа знае да живее и да дише за фудбалот и затоа може да биде врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави Инфантино.

Лима во минатото беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, но нивната врска заврши во 2016 година, денес има син со продуцентот Андре Лемарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанскиот тренер отпуштен поради бизарни причини: Со ChatGPT правел тактика за натпревари, играчите не смееле да спијат 28 часа!

Шпанскиот тренер Роберт Морено плати висока цена за својата зависност од вештачка интелиге…