Поранешниот фудбалер на Вардар и Шкупи, а сегашен репрезентативец на Албанија, Јасир Асани е пред трансфер во шпанското првенство и тоа во тимот на Слета Виго.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Селта е сериозно заинтересирана за 28-годишниот Асани кој во изминатиот период прикажуваше одлични настапи во Гвангажу од Јужна Кореја и селекцијата на Алабанија. Токму тој е еден од најзаслужните што Албанија ќе игра на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се наведува дека Селта уште од октомври го следела Асани, а сега тој интерес е посериозен. Во кариерата претходно, Асани покрај Вардар играше за АИК од Шведска, Партизани од Албанија и Кишварда од Унгарија.